Кои сме ние?

Авангарда е веб-медиум кој споделува информативни, едукативни и забавни содржини креирани од страна на студентите.

Водени од потребата на студентите во земјата да добијат целосно достапна и автономна платформа каде ќе може да се слушне нивниот глас, го создадовме овој медиум. 

Од студентите – за студентите!

Авангарда е воден од слободни умови отворени за секаков вид на соработка со студентите. Нашата цел е интересот и гласот на студентите да биде бескомпромисно искажан, слушнат и препознаен!

Создаден како проект во рамките на Универзитетското студенско собрание, примарната цел на овој медиум и неговите содржини е информирање на студентите за сите актуелни настани и случувања кои се од нивен интерес.