„Утопија“ – бизарна серија која ја имате пропуштено

За претстојниот месец ноември, кој се поверојатно е дека ќе го поминете во вашиот дом, изолирани од какви било социјални случувања, ви препорачуваме уште една серија која го заслужува вашето внимание.

Станува збор за „Утопија“, поточно оригиналната британска серија од 2013, која не треба да се помеша со американска верзија со доста полош квалитет која илезе годинава.

„Утопија е грозна”, гласи првата реченица на еден од рецензиите во британските медиуми. Откако група луѓе, кои ќе се сретнат преку Интернет, ќе откријат бизарен графички роман што се чини дека содржи мистериозни одговори, тие се наоѓаат во трага од немилосрдна организација позната само како „Мрежа“.

Серијата е доста различна во својот пристап во однос со гледачите, во смисла на тоа дека прашањата кои се зачнуваат во првата епизода целосно ќе се разјаснат до самиот крај, за разлика од други серии кои произведуваат редоследни сезони без никаков конечен одговор (да, гледаме во тебе, „Walking Dead“).

Пред се, „Утопија“ претставува единствена серија во која теориите на заговор кои постојат во современата доба се одлично вметнати во наративот на приказната преку која ни се доловува еден нов поглед на човештвото.

Музиката и сценографијата се вклопуваат целосно во наративот и ќе ви доловат едно ново искуство. За тоа говорат седумте „Еми“ награди кои таа ги доби, како и бројните други награди и номинации со кои „Утопија“ до сега се закити.

Наша оцена: 9/10

Бонус поени: пред да ја почнете серијата можете да го погледнете трејлерот кој, за разлика од буквално сите останати, не дава никакви „спојлери“.

YouTube video

 

 

Дарко Милошевски