Абортус – етички, медицински и правно-политички аспекти

Актуелната политичка состојба во Полска, масовните протести и демонстрации, како последица на одлуката на полскиот уставен суд за правото на абортус, поттикна многубројни контроверзни ставови на глобално ниво.

Иако почетоците на легализација на абортусот проникнуваат уште од средината на 20 век, прашањето за абортус денес е се уште дискутабилно и развива голем број дилеми. Станува збор за прашање, за кое можеби е едно од најсложените во поглед на постигнување на консензус.

Темата беше елаборирана од секој аспект, а присутните имаа можност да ги истакнат своите ставови, да поставуваат прашања, со цел да се развие академска дискусија од која сите ќе можеме да научиме нешто.

На оваа дискусија присуствуваа следните говорници:

– Доц. д-р Елена Игновска – Семејно и наследно право, Правен факултет;

– Доц. д-р Ана Данева Маркова – Клиника за гинекологија и акушерство, Медицински факултет;

– Проф. д-р Александра Деаноска-Трендафилова – Казнено право, Правен факултет;

– Проф. д-р Александар Спасеновски– Уставно право и политички систем, Правен факултет.

YouTube video

Во ова време кога сме сите изолирани и пренатрупени со информации, од големо значење ќе биде за сите нас, да слушенеме релевантни ставови од стручни професори, за тема која општествено не опфаќа пред се како луѓе, па потоа како жени, мајки, родилки.

Факултетското студентско собрание на Правниот Факултет ги организира овие настани како проекти во склоп на Комисијата за студентски дискусии со цел студентите да ги разбијат бариерите со професорите и поактивно да се вклучат во проблематики кои не засегаат сите нас. Ваквиот карактер на интеракција, вклучувајќи стручни говорници од разни теми ќе помогнат да се издигнеме на повисоко академско ниво и да развиеме самостојна критичка мисла!