Симпозиум: Академски аспекти на спорот со Република Бугарија

На 16-ти и 17-ти декември, среда и четврток, на онлајн платформата Zoom ќе се одржи дводневен симпозиум посветен на актуелниот спор со Република Бугарија. Причината за оддржување на симпозиум од ваков тип лежи во потребата од сослушување на академските разгледи и мислења во врска со спорот со Република Бугарија.

Преку панел дискусија,  професорите и експертите ќе ги изложат своите гледишта и различните аспекти од спорот. Овој настан претставува одлична прилика за студентите да се информираат и да ги добијат потребните одговори на нивните прашања за моменталните случувања.

Организатори на симпозиумот се Комисијата за наука при УСС-УКИМ, во соработка со Факултетските студентски собранија на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Сите заинтересирани за присуство на онлајн дискусијата се повикани да го пријават своето учество и да ги постават своите прашања на следниот линк. Откако ќе биде пополнета гугл формата, линкот за вклучување во дискусијата ќе пристигне на вашата мејл адреса.

Во прилог е поставена агендата по која ќе се одвива симпозиумот:

 

 

Мартин Тошевски