На 19-ти Септември (сабота) со почеток во 11:00 часот ќе се одржи шестата по ред филолошка конференција под името „Како си ми?“ во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Истражувањата ќе покријат повеќе области како: книжевноста, лингвистиката, културата и уметноста, методика и дидактика, преведување и толкување, разни интермедијални (филм и ликовна уметност) и интердисциплинарни (филозофија, психологија, медицина) релации кои се во допир и предмет на проучување на филологијата и култивација на дискусии по повод презентираните трудови.
Организатори на конференцијата се студентите на Факултетот додека покровител е Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Придружувајќи се кон пропишаните мерки за заштита во услови на пандемија настанот ќе се одржи со ограничен број на публика распоредена во 60 расположливи места за седење, со задолжително придржување кон општите протоколи за заштита од страна на присутните. Сите заинтересирани кои би сакале да присуствуваат потребно е да го пополнат следниот формулар.
Агенда на конференцијата:

Мартин Тошевски