Епизода #3: Преглед на првата недела на сезоната

Третата епизода на “Без коски“, Ѓорги и Мартин ја започнуваат со краток преглед на првата недела од новата НБА сезона – разговараат за неколку од тимовите кои им оставиле најголем впечаток како и за лудориите на Харден и проблемите на Хјустон. После тоа, продолжуваат со дискутирање на изјавата на Адам Силвер за можно проширување на НБА лигата и го даваат своето мислење за тоа кои градови најмногу би одговорале да добијат нова НБА франжиза. Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата – награда за играч, разочарување и изненадување на неделата пред да ги дадат своите (претерани) заклучоци врз основа на само неколку одиграни натревари.

Слушнете го аудиото тука:

А видеото тука:

YouTube video

Содржина:

▶ Преглед на првата недела – најинтересни тимови за гледање и лудориите на Хјустон (00:00)
▶ Проширување на НБА лигата? (26:46)
▶ Награди на неделата (44:46)
▶ Overreactions после првата недела (56:14)

Претплатете се и заследете нè на овие аудио стриминг сервиси:

Spotify: https://sptfy.com/9wMy
Anchor.fm: https://anchor.fm/bez-koski

Заследете нѐ и на социјалните медиуми:

https://www.facebook.com/bezkoski
https://www.instagram.com/bezkoskipod