Промислување на пандемиите: Светски ден на филозофијата

Во чест на Светскиот ден на филозофијата, утврден од страна на УНЕСКО, Филозофскиот факултет при УКИМ, заедно со Филозофското друштво на Македонија, оваа година по 17ти пат организира симпозиум за одбележување на овој ден.

Симпозиумот ќе се оддржи на 19 ноември (четврток) преку дигиталната платформа Zoom, со почеток во 10:00 часот. Централната тема на овој симпозиум гласи: „Промислување на пандемиите“ во која, како учесници, ќе се јават четиринаесет реномирани филозофи,  професори и истражувачи.

Сите заинтересирани за следење на симпозиумот ќе можат слободно да се вклучат на него преку следниот линк.

 

Мартин Тошевски