Панел дискусија „Кон еднакво општество за сите“

На 21 ноември, со почеток во 14:00 часот на онлајн платформата Zoom ќе се оддржи панел дискусија под името „Кон еднакво општество за сите“. Целта на дискусијата е припадноста на маргинализираните заедници и потребата од активизам како начин на менување на перцепциите, ставовите и вредностите во општеството.

Како главни теми на дискусија се наметнуваат предизвиците со дискриминација и  припадноста на жените од ромската заедница, лицата со попреченост и трансродовите лица како три маргинализирани заедници во нашето општество.

Како говорници на овој настан ќе земат учество:

  1. Алмира Фасљии – активистка за правата на Ромите;
  2. Претставник на „Трансформа“ – иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица;
  3. Љуљета Адеми – активистка за правата на лицата со поинакви вештини и советничка на претседателот на Република Северна Македонија за лицата со попреченост.

Сите заинтересирани за следење на настанот потребно е да се регистрираат на следниот линк.

Панел дискусијата е организиранa од младинските активисти и учесници на проектот „АнтидискриминАКЦИЈА – Младински активисти против дискриминација и за промоција на еднаквост“, поддржан од Европската младинска фондација при Советот на Европа.

 

Мартин Тошевски