Изложба „#Младитебараат“

На 16-ти декември, среда, со почеток во 17:00 часот, тимот на #ХЕРАмлади и #СексиМаало организираат изложба по повод #МладитеБараат пристапна и достапна контрацепција за промоција на здравје, промоција на човековите права и афирмирање на доброволниот сексуален однос.

Целта на оваа изложба претставува зголемување на свеста кај младите за сексуалното и репродуктивното здравје преку пристапна и достапна контрацепција која што е од исклучителна важност при превенција од сексуални преносливи инфекции, планирање на семејство, контрола над сопственото тело и здравје, самостојно и информирано донесување на одлуки во врска со сексуалноста.

Изложбата ќе се одвива со траење од 1 месец, почнувајќи од 16-ти декември до 16-ти јануари, во просториите на Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно. За време на настанот ќе бидат запазени сите протоколи и мерки за заштита од COVID-19. Освен следење на изложбата со физичко присуство, истата ќе може да се следи и онлајн на инстаграм профилот на @heramladi а подоцна и на фејсбук страната на Секси Маало.

Сите заинтересирани за присуство на отварањето се повикани да ја пополнат следната гугл форма.