Археолошка работилница на „Стоби“ во организација на Факултетските собранија

Во периодот од 28 до 30 септември на Археолошкиот локалитет Стоби се одржа Работилницата од областа на Античката и Современата култура, организирана од Комисија за наука при универзитетското студентско собрание на УКИМ и Студентско археолошко здружение „Аксиос“ – Скопје, заедно со факултетските студентски собранија на ФЗФ, ФЛУ и ПМФ.

На работилницата учествуваа по пет студенти од Институтот за Историја на уметност и археологија, Институтот за Етнологија и антропологија и Факулетот за Ликовни уметности.

Активностите беа поделени во два дела: теоретски, исполнет со предавања на разни теми и практичен дел, кој вклучуваше неколку активности за учесници на археолошкиот локалитет.

  • Историјат на истражувањата на Стоби и Историјат на Македонија и Стоби во Римско време, на кои низ реконструирани скици беше претставен развојот на градот и сите ископувања кои се направени до денес. За сето тоа да се сфати подобро, завршивме со Теренско шетање и објаснување на Стоби, со кое ни беа разјаснети и преку примери покажани информациите кои го добивме на претходните предавања.

Вториот ден пак се состоеше од предавања за:

  • Римска керамика од Стоби – технологија и типологија, односно влијанијата на источната и западната керамика која се носела на Стоби и се користела во секојдневниот живот.

  • Предмети од коска, начинот на изработка на предмети кои се користеле во облеката, игли, делови од тогашен разбој, фурка, вретено итн.

  • Предавање за римско стакло, предмети во кои се чувале парфеми, масла и секаков вид на течности, односно предноста која ја имале стаклените предмети пред керамичките, затоа во нив се гледа тоа што е внатре.

На третиот и последен ден завршивме со предањето Улогата на црквата во секојдневниот живот. Денот започна со предавање за мозаикот на Стоби, а потоа сите учесници беа поделени во три групи и имаа можност да чистат дел од мозаик кој се конзервира, како и да кршат мермер на тесери кои беа потребни за изработка на мозаик и на крајот сите да учествуваат во неговата изработка.

Предавачи беа вработените од Н.У. Стоби: Гоце Павловски, Јован Радњански, Златко Кованчалиев, Димитар Николовски, Мишко Туковски и Томе Филов.